ПАЗАРЕН РИТУАЛ

Прилепчани од дамнина го “залепиле” пазарот до чаршијата. Не случајно, оти пазарувањето емиш и зеленчук во саботи им претставува неделен ритуал. И кога пазарот не бил суреден, кога се импровизирале тезги на просторот, се чувствувал здивот на прилепскиот дух на мајтапот низ пазарџиските муабети, низ трговските чалами и курналзаци на муштериите и продавачите. Не исчезнува адетот да се пазари во сабота, а и во среда. Напротив секоја средба со пазарџиите претставува ново доживување, откривање, пријатни контакти со пријатели низ богатиот избор од зарзават. Последниве децении пазарењето кулминира до уживање. Не е само техничка набавка на храна за неделните потреби. Зумбули, торби, ќеси, а сега и помодерните колички за пренесување, полни со свежо зајре, се паркираат да се оконча пазарното задоволство со чамче мубает во кафетериите в чаршија.

Loading