ДАУТОВСКИ ЈА ОТКРИВА ИЗВОРНАТА МУЗИКА

Гајди, тапани, кавали и тамбури ечеа во ЦК “Марко Цепенков” на семинарот по народни инструменти, организиран од музичкото училиште. Професорот Драган Даутовски ја потенцираше важноста на традицијата и значењето на народниот мелос и фолклорот во време на нестабилни вредности. Во периодот на инстант митологија во светски рамки, треба да бидат повторно откриван изворната музика, битот и традицијата на една нација. Врз пепелта од традицијата треба да се удрат темелите за прогрес на цивилизацијата – рече Даутовски. Според него, народниот дух треба да се одбрани и зачува пред налетот на кич – културата, посочувајќи дека студиите и школите треба да се фокусираат на проучување на народните инструменти, музиката и традиција. Семинарот се оконча со музички перформанс на младите виртуози на народни инструменти од музичкото училиште.

Loading