ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД ЗА МУЗИЧАРОТ

Околу 500 планинари од Прилеп, Струмица, Скопје, Делчево, Битола Гостивар и Тетово му оддадоа почит со пешачење на својот колега Петар Андоноски – Музичарот на шестиот меморијален марш последниот викенд. Изодеа дваесетина киломтери од Плетвар, чешмата Бозоец, Ливади. Зедоа здив со топол чај кај чешмата Казанташ, а после слегоа во манастирот Свети Димитрија кај селото Селце. Со помош на повеќе спонзори, организаторот, ЕПД Картуш, приготви планинарско гравче за учесниците на меморијалниот “поход”.

Loading