СПОМЕНИК ЗА МИЛЕ НЕШКОСКИ ПРЕД АРЕНА “СОНЦЕ”

Се реализира спомен обележје за прерано починатиот ракометар и тренер, Миле Нешкоски. Локацијата е пред спортска арена “Сонце”. Идејата потекна од неговите играчи. Почитувајќи го, наша должност е еден потсетник на неговото дело. Идните генерации да видат пример на голем спортист и човек. Планираме меморијален меч со познати играчи, а терминот зависи од активирањето на згаснатиот РК Прилеп – рече голманот Ице Соколоски. Фигурата ќе биде испружена рака со топка, а на неа ликот од легендарниот ракометар. Ќе биде поставена пред салата, неговиот втор дом – најави Бранко Нешкоски, градскиот архитект. Добено е одобрение од семејството Нешкоски, а поддршка даде локалната самоуправа.

Loading