РОНИН ПАК ВЛАДЕТЕЛ

Карате

КК Ронин е најдобар клуб на Државно првенство за деца во Радишани. Освоени се четири “златни”, еден “сребрен” и пет “бронзени” медали. Поединечно, близначките се на врвот, Мишела Димоска прва, Маријана втора. “Злато” има и Анастасија Матеска. Победници се женските ката тимови, поповозрасните (Мишела, Маријана, плус Мартина Маркоска) и помалите (Лина Димеска, Киријана Камческа, Матеја Талеска). Девет од КК Ронин одат на Балканско во Кипар.

Loading