ПОБЕДА НА ПРВ ТРОФЕЈ

Женски фудбал

В сабота во Струга е финалето од женскиот фудбалски куп меѓу Победа и скопско Наше такси. Ривалот е нов државен првак, а борбата е за трофеј во купот. Оптимисти се фудбалерките на Победа, тренерот Блаже Филипоски, претседателот Зоран Мирчески. Четирипати трофејот ни побегна во финалето. Со голманката Чакмакоска, Костова, Петрова и останатите, подобри сме. Првпат ќе го кренеме пехарот – вели Мирчески. Првенствените дуели завршија 1-1 во Прилеп, а 2-1 за Наше такси во Скопје.

Loading