ДЕНОВИ НА КРАЛИ МАРКО

Денеска и утре

Славењето на легендарниот јунак е содржината на петтата манифестација “Денови на Крали Марко” денеска и утре. Во 11 часот на мултимедијалното плато во Варош, ученици од ОУ “Блаже Конески” ја развиваат имагинацијата, цртајќи го Крали Марко. Нивните соученици ќе изведат музичка плетенка, а дел ќе слушаат легенди и преданија. Попладне, учениците на народни инструменти од музичкото училиште ќе концертираат на плоштадот Александрија, а утре во ЦК “Марко Цепенков”, танцовото студио “Зодијак” и танчерот Кире Миладиноски ќе се претстават со современи танци – перформанси. Деновите на Крали Марко го промовираат градот како туристичка и културна дестинација. Локалните власти најавија дека во 2012 година ќе биде поставен споменик во центарот на есен ќе се гради вториот дел од туристичката патека до Маркови Кули.

Loading