КОКАРОСКИ МЕЃУ СТАТИВИТЕ

Професорот Димко Кокароски е незаменлив во екипата за мал фудбал од Економскиот факултет, која рекреира секој понеделник попладне во арената “Сонце”. Доверена му е улогата – голман. Вклучен сум пред три месеци. Застанав меѓу стативите, местото каде најдобро се снаоѓам – вели Кокароски. Редовен е на “лутите” натпревари со пријателите и колегите, меѓу кои Љупчо Печијарески, Миле Спиркоски, Жарко Христоски, голман од спротивната страна. Продолжува со рекреацијата, за која наоѓал време и кога беше амбасадор од 2005 до 2009 година во Полска, Латвија и Литванија. Без оглед на сите обврски, за мал фудбал немам изостаноци. Формиравме екипи со дипломатскиот кор и игравме еднаш неделно – истакнува Кокароски. Последниот меч во арената “Сонце” заврши нерешено 5-5.

Loading