КОЦКИ, НАМЕСТО КАЛДРМА

Живо на “плочникот”. Се гради плоштадот во шеесеттите години. Се создава шеталиште. Насекаде раскопано за поставување гранитни коцки. Калдрмата и прашината се заменуваат со “модерен” коловоз, не само за магариња, туку и за по некој автомобил. На голема врата влегува “цивилизацијата”. Градот се освежува со нов лик и добива современа урбана физиономија. Работници, небаре мравјалник. Рачно редат коцка по коцка на песок, освојуваа метро по метро за стабилен и безбеден од на граѓаните и на ретките автомобили. Годините брзо минуваат. Остануваат спомените, кои се вечни. Исчезна калдрмата, блесна мермерот, а во средиштето на денешниот плочник грга вода од фонтана. Некогаш сон, а денес јаве.

Loading