ОСВОЕН КАРАЃОЗ НА ГОСТИ ВО НЕГОТИНСКО

Планинарите на “Картуш” и ПД “Јане Сандански” имаа заеднички планинарски поход со 270 колеги од земјава во освојување на врвот Караѓоз во близината на Неготино. Тие беа дел од 13 – тиот меморијален марш “Делчо Кузманоски”, организиран од П.Д. “Серта” од Неготино. Уживаа на прекрасните панорами, во прегратката на природата, пешачејќи околу 20 километри од селото Калањево до планинарскиот дом Бела Вода, па се до врвот Караѓоз, откаде слегоа во манастирот Свети Горѓи. Љубезните домаќини ги угостија со ручек да се закрепнат и да им се “вратат” потрошените калории во напорната планинарска тура.

Loading