СВЕТ НА ИМПРЕСИИ

Мита Ристиќ, сликар од Врање, Србија

“Секоја слика е свет за себе, свет на импресија, но и свет на доживување. Секоја е одмерена, лирски интонирана. На секоја и посветувам должно внимание, создавајќи ја со голема љубов”. Вака вели сликарот Мита Ристиќ од Врање, чија изложба, “Најдоброто од двата света”, ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Втората изложба обединува 20 дела од циклусите “Саргии” и “Магична четкичка”, а сликите се работени во маслена техника во последните две години. Сликарот го пројавил својот талент и интерес за сликарството многу рано. Интензивно тргнал од 1978 година. Ликовниот критичар Јасминка Плавшиќ Ѓерковиќ вели дека делата се творени со љубов и истрајност, имаат засебен ликовен израз, како и специфичен етички однос. Неуморно творам. Овековечувам моментна инспирација – посочува Ристиќ, кој има реализирано преку 20 самостојни и над 30 групни изложби. Учествувал и на колонијата “Дрен 2008”.

Loading