ПЕЈСАЖИТЕ НА ГЕГОСКИ ВО СОФИЈА

“Пејзаж” е тематската изложба со 20 слики од современиот сликар Кирил Гегоски, отворена во Културно информативниот центар на Македонија во Софија. Првото претставување во бугарската престолнина содржи дела со нова иконичност на бројните прилепски предели. За Гегоски, природата секогаш е инспиративна. Вели дека пределите не ги зема за готови, бидејќи ги преработува според сопствената визија. Окото ми се задржува на пејзажите, но се друго е фигура. Ги земам за основа на сликањето, цртањето – посочува Гегоски, кој е член на ДЛУМ и работи во масло, акварел, цртеж, графика. Тој твори 40 години. Создал многу дела, изложувани во над 30 групни изложби и 23 самостојни, во Прилеп, Скопје, Битола, Охрид, Ваљево, Ниш, Књежевац, Велес, Кавадарци…

Loading