МАСКЕМБАЛИ И СУРАТИ ЗА ПРОЧКА

Продолжува вековната традиција за маскирање или како што прилепчани викаа преправање на празникот Велики Поклади кај народот попознат како Прочка. Локланите власти и Здружението “Прилепски мечкари” в сабота и в недела организираат по 11 пат демонстрација на богатиот национален дух преку карневалот Прочка. Сурати ќе стават и ликовите ќе ги сменат учесници од земјава и странство. Карневалот веќе е препознатлив знак за Прилеп. На дефиле под маски ќе дојдат учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Унгарија и Украина, како и претставници од Федерацијата на карневалски градови. Зад маските ќе се “кријат” дел од учениците од основните училишта. Карневалската фешта ќе тргне в сабота вечер со концерт на групите ПМГ Колектив и Цонгуеринг Лион, по што ќе следуваат маскенбали низ кафулињата. Дефилето на маскираните ќе е во недела по булеварот Гоце Делчев. Награди ќе добијат носителите на најатрактивни маски – изјави Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп. Карневалот Прочка го афирмира богатото културно наследство. Општината ќе ги заштитува автентичните маски на прилепските мечкари.

Loading