МЕДАЛ СО ПОВРЕДЕНО РАМО

Борење

Леонардо Насески од БК 7 Мај Леов постигна спортски подвиг. На Државното првенство за основци во Радовиш, стаса до второ место и “сребрен” медал, покрај повредата на рамото. По рехабилитацијата, ова му е првиот настап. Беше внимателен, но храбар. Добро се држеше и во финалето против ривал од Скопје – велат тренерите. В сабота е Изборно првенство за младинци. Адут од клубот е репрезентативецот Дејан Заов.

Loading