МЕДАЛИ ВО ЛЕСКОВАЦ

Карате

Во Лесковац, Србија, успешно настапи КК Лукас на Ахил Јаков и Златко Настески. Мошне необично, 19 натпреварувачи освоија 32 медали, а од нив дури 28 се “златни”. На пиедестал се искачија Сања Цветкоска, Цвете Јанеска, Стефана Стојаноска, Константин Василески, Давид Цветкоски, Звонко Николоски, Ева Грозоска, Симеон Мерипушкоски, Мартин Николоски, како и ката тимовите. Натпреварите беа во ката и борби, поединечно и екипно..