УШТЕ ТРИ МЕЧА

Кошарка

Викендов е слободен за Ултимејт баскет, со оглед на предвременото откажување на несудениот противник, Пелистер. Вториот патник за втората лига сосема извесно е прилепскиот тим, со оглед на последниот пораз дома од конкурентот Овче Поле (52-96). Отпаѓањето не е толку страшно, трагично, бидејќи од тинејџерскиот состав не се очекуваше подруг епилог. Без оглед на пласманот, не се откажуваме. Играме до крај, наредните мечеви на гости кај Овче Поле и Куманово, со кого имаме и реванш дома. Достоинствено издржуваме, а в година е шансата за надежите од младинскиот погон – велат од У. Баскет.

Loading