ВТОРИОТ ПОРАЗ Е ПОСЛЕДНИОТ

Ракомет: Жито Прилеп по загубеното дерби

Со душа се чека наредната пресметка дома со Металург

В сабота (17 ч.) во Спортска арена “Сонце”, Жито Прилеп го чека струшки Фон универзитет, во 17. коло од ракометната Супер лига за жени. Домашните имаат обврска да дадат максимум. Не е лесно да се соберат силите после загубеното дерби од првакот Металург (25-14). Утревечер Фон, в среда Леов бартек. Тие се ривали ни оддалеку со квалитет до она за кое се подготвувавме со Металург и за следнотосо Францускиот Мио. Сите првотимки ќе имаат шанса – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Нема место за разочарување по загубеното дерби за титулата. Погледите се свртени напред. Треба да се победува. Со душа се чека наредната пресметка со Металург, дома, каде е друга приказна, како есеноска кога се стаса до подвиг. Има уште за докажување. Добро е да останеме на два пораза, што е голем успех. Тука е и Купот. Не се откажуваме, туку бараме нови предизвици – порачува Магдинчев. На клубот му се потребни засилувања, покрај Русинките Черникова и Ринкова, кои појдоа на преговори и сертификат во Москва.

Младинките се подобри

Младинките на Жито Прилеп се се подобри пролетва. Предводени од тренерот Менде Петлески, прво го победија силниот Ѓорче Петров дома, после и Металург на гости. Иднината на клубот има свои приврзаници.

Покана до Јагодина

Во Ж. Прилеп бараат силни противници за меѓународни контроли. Поканета е српската Јагодина за реванш. Токму таа играше во европскиот куп против францускиот Мио. Информациите ќе се добредојдени. Со Јагодина се одигра меч пред месец, кога Србинките победија во Врњачка Бања.

Жито Прилеп “бомбасто” најавен во Франција

По ждрепката за четвртфиналето од купот Челенџ, во францускиот Мио Бигано собираат информации за Жито Прилеп. Нашиот клуб е “бомбасто” претставен на официјалниот клупски веб сајт. На половина страница има најава за претстојниот двомеч. Подолу две фотографии од екипата на Жито Прилеп. На Французите не им пречи да ја претстават со шеснаесеткракото сонце на амблемот и како екипа од Македонија. Првиот меч е најавен за 13 март во Бордо, а реваншот недела подоцна во арена “Сонце”. Мио Бигано е на петтото место на табелата на француската лига.

Loading