ТУМАН ПИОНЕРСКИ ТРЕНЕР 1975

Историја

Навираат спомените за неодамна починатиот Кирил Анески – Туманот. Беше тренер рекордер со Победа, со седум победи во серија, во втората лига на СФР Југославија, сезоната 1987/88. Работеше и со млади категории. Негова школа беа Манески, Магдески, Т. Наумоски, М. Стојкоски – Манта… Во далечната 1975 година тренирал таленти на Спортски центар. На фотографијата има 60, а ги препознавме децата: 11-от во горен ред е Благоја Кулески, по него Пеце Наумоски и Тони Тодороски, во средниот ред втор е Петре Илиоски – Бојата, во долниот ред претпоследен Марјан Стојкоски – Манта, сите со тренерот Кирил Анески -Туман. Носевме дресови на Звезда и ОФК Београд – се сеќава Манта.

Loading