ДУЌАНЏИЈА – АЏИЈА СО МЕРКА …

Дуќанџии во мајсторски ѕидани мали тесни продавнички. Долги или како квадратчиња, само со приземје или катчиња уникатни се стари пенџери и дрвени чардаци. Кога ќе се додадат и просторни тавани и визби за магацини, просто ќе се чудите што не се крие во сокаците на малото просторот наречен Стара Чаршија. Шок фаќа ако видете дека до земјени подруми се слегува низ стрмни гранитни скали. Не попусто се пее “Дуќанџијо, дуќанџијо, а бре мајсторе, душа и срце ти ми изгоре…”. Велат дека барем еднаш се минуваат тесните сокаци на некоја чаршија. А прилепските дуќанџии знаат на кого срце да украдат, на кого смеа да донесат, за кого мајтап да посеат, на кого преку прозорец мерка да му земат… Природниот етер пренесува потреби на купувачите, продавачите, туристите, авантуристите… Сé за едно. Тое е вредност – материјална, духовна и морална.

Loading