СИВА ГИМНАЗИЈА

Гимназијата пред години. Иста. Стамена, издолжена на неколку катови со куп простории и безброј лавиринти во внатрешноста. Човек просто да не знае од каде влегува и од каде излегува. Постарите ја паметат гимназијата за најстара образовна институција со строги правила и ред. Зградата не го променала рувото однадвор години. Последниве се обновува внатрешно. После 60 години се реновира објектот, се менува дограма. Старите и избледнети сиви таблоа кои потсетуваат на ентериерот и на сите години и генерации, остануваат да сведочат за десетина илјади млади кои стекнале знаења, ги доживувале првите љубови, разочарувања, плачки за единици, кефови за петки…

Loading