ПРОШТЕВАЈ – ПРОСТЕНО Е!

Прочка е празник за големите луѓе со широко отворени души. Прочка е ден кој продуцира радост, простување на оние кои храбро и чисто може да речат “Проштевај” или “Прости”. А за другите постои “маскарадата”. Односно карневал на маски кои сами ги изработуваат оние кои се се срамат лице в лице – реално да се простат. Затоа, постои и традиција на амкање со јајце на конец, за фрлање на трошки по покриви… Ова се вика “ишкање на јајцето или мувата”. За децата тоа не важи. Искрените душички наивно веруваат дека така тие се поинтересни. Вредно подготвуват групни маски по училиштата или секој индивидуално дома, па на час за уметнички израз ја дефинираат маската или костимот кој ќе го носат. Овој ден и е за “ќар” на искусните текстилни бизнисмени. Знаат парчињата отпад да ги искористат и од проѕирни парталчиња да направат костими. И домаќинките со фантазија знаат да искреираат уникатни фустанчиња за “принцези, клинцези, за царчиња, за инаетливи магарчиња”.

Тука се и маските на “Зајко кокурајко” и Ушко Долгоушко, на мечкари, овчари со бачила и со мачки со мажоретки на брод качени…. А за пердувести бикини – костими и доктори со ретка струка попот и камбаната им е ука. Сето ова и ред други забавувачи со реквизити сопствени, имитација, комбинирани или копирани за рекреација, ќе презентираат прилепчани и гости да видат. А и меѓународните релации со признанија за учесниците ќе се забележат и нижат. Тоа е заслуга и нитка на нашите претци, кон кои влечат и идни млади. Религиски и верски секој си слави и по домовите со благо се слади. Денарче, блакце се подарува, а ако некој рака бакне и радост вековита останува.

Loading