МАРИОВО И МУКОС ЗЕМЕНИ “ПОД НОЗЕ”

Гробот на Стојан Кулески (Толе Паша) со посета од планинарите на ПД “Јане Сандански” беше почестен со внимание во Крушевица – Мариовско. Од таму, двете вештачки езера кон село Чаниште, мариовскиот кинески ѕид на Ангеле, археолошките антички наоди на Богданова нива и околината околу Расимбеговиот мост ги воодушевиле планинарите. Мариово буди љубопитност кај минувачите и истражувачите, а мариовците важат за итреци и модерни Пејовци. Неверно е дека прошетките ја откриваат тајната на итроштината. Санданските планинари со колеги од од Кавадарци, Битола, Кичево и други градови, заедно со локалната аамоуправа, традиционално ќе се движи од село Присад, Небрегово до манастирот Св. Атанасиј во Дреновци. А шеесеттина планинари од ЕПД “Картуш” минаа од манастирот Свети Ѓорѓија – Дервен, Мукос кај партизанскиот споменик до Дреновци, а втората група го посетила селото Стар и Нов Присад, Небрегово и слегла да се дружат со своите од првата група во село Дреновци.

Loading