ОДАИ ОД МУДБАЦИ

Јадрото на Прилеп почнувало од мостот кај училиштето на “Кочо Рацин”, се до познатиот мост Кемерлија, каде што сега се најдува бензинската пумпа на Макпетрол во центарот. Постарите не ги забораваат широките авлии, кои во одреден период бил карактеристика, на турската архитектура. Направени како затворени мудбаци, небаре кутлуци, односно како мали тесни одајчиња за кои немало тапии, зашто во нив живеле повеќе семејства. Имало и мноштво анови каде иделе гости да преноќеваат на сламени кревети и черги, а добитокот го врзувале по дворовите. И денес има остатоци од уникати каде оние кои се нарекуваат сопственици не дозволуваат да се ѕирне и фотографира внатре. Зошто, тие си знаат. Повеќето служат како магацински простор за “ексклузивни стоки”. Таквите градби, налик на вагони, постарите ги нарекувале мудбаци, тесни како ходници и со ниски тавани. Изградени со плитари и малтарени со кал помешана со слама. Поновите, градени по мајсторски тертип, се кревале од тула и камен. Не е важна локацијата на прекрасното здание на фотографијава. Така поврзано изгледа како замок, каде сé е под контрола и потсетува на животот кој сега е прикажан во серијата со Ѓулу. Тешко дека се е под конец и прецизно како на фотографијава. Но, убавината, душата, пораката останува. Посебно кога градбите ги кријат високи тополи.

Loading