ТОШЕ РЕДОК ЗАБОРАВ

Точно 65 планинари од ЕПД ,,Картуш”: го посетиле гробот на Тоше, изминатиов викенд. Минале крај детското одморалиште “Шула мина” се качиле до скијачките терени и потоа се спуштиле до манастирот Свети Спас. Убавината на зимата ја искористиле и планинарите од “Јане Сандански”. Ја посетиле месноста Ножот на 722 метри кај Никодин. Им оддале почит на комитите кои ги дале животите, борејќи се против бројниот аскер. Се одмориле во Ракле, во селото со две фамилии. Во Топлица ја посетиле црквата Свети Никола од 1830 година и во тремот на црквата ручале и се забавувале.

Loading