ГУРБЕТЧИЈА ГРАДЕЛ ТУНЕЛ

Железничка пруга Велес – Битола почнала да се гради 1929 година, а профункционирала до 1932 година. Парите ги дала Франција, а работната рака била организирана од водачите на вардарска бановина со главен град Скопје. Првично, пругата требало да го опфати тунелот кај Гостиражни, покрај планината надолу кон Дебреште, Житоше и да излези на Кривогаштани, да ја фати близината на Крушево, после да сврти за Прилеп и да го продолжи за Битола. Тогашниот политички моќник Василије Трбиќ имал голем чифлиг во село Браилово и сакал линијата да биди во близина. Со итрина им рекол на инженерите. Знаеме дека возот оди на камен јаглен и испушта искри од оџакот. Може да заискри кај Кривогаштани и да изгори прилепското поле. Затоа линијата да минува од Гостиражни кон Браилово и да заискри оџакот на локомотивата, ќе се направи помала штета – велел Трбиќ. Инженерите му поверувале, а вишокот пари си ги ставил в џеб. Се ангажирале многу работници од различни профили. Трајан Колески (1861 – 1949) од селото Марул, познат како Трајан Бошески, години бил на печалба во САД. Бил квалификуван ѕидар на тунели и рудници. Се вратил во Марул, а власта го ангажирала, оти го знаела како ѕидар и мајстор за камен. Тој го ѕидал богомилскиот тунел од првиот до последниот ден. Работел по сите мостови на пругата. Ја ѕидал и кулата за вода кај железничкта станица во Прилеп. Другарите му се потсмевале дека работи за џабе за власта, а тој одговарал дека и Америка е изградена со трудот на туѓи работници од целиот свет. Работниците се враќаат со пари во татковината, но градбите остануваат со векови. Велел дека ја гради својата Македонија е туѓа, окупаторска. Работи од патриотизам, оти железничката линија е врска со напредниот свет.

Вода во кула за парните локомотиви

Кулата во Прилеп, градена од Трајан Колески, служела за полнење на вода на парните котли на локомотивите. Била функционална до 1960 година, кога, наместо парните, дошле локомотивите, кои ги влечеле вагоните со погон на течно гориво. Оттогаш е оставена и заборавена, наместо да се зачува. Дури е изобличена со тоа што е претворена во перална за автомобили. Таа треба да се претвори во музеј со остатоци од стара железника опрема.

Томе Велјановски, Шведска

Loading