ДВА БОДА САМО СО 2000 НАВИВАЧИ

Кошарка

Утревечер (19 ч.) во Спортска арена “Сонце” е да се биде или не, за кошаркарскиот прволигаш Ултимејт баскет, на мечот со Куманово. Мора да се победи за спас. Од претпоследното, деветто, се фаќа последната сламка за шесто место. Дерби, најтежок меч. Куманово е најсилно под кош и од крило. Само со борба можеме да возвратиме. Не е битно разликата, важна е победата – вели Сашо Костоски, тренерот на У. Баскет. Се најавува полна сала како со МЗТ Аеродром. Неопходна е поддршката од “шестиот играч”. Гостите пред празни трибини лесно ќе стасаат до целта. Може да ги разниша само бурна атмосфера со коректно навивање. Понесени од две илјади навивачи, играчите добиваат “крилја”. На теренот е сé можно. И помоќен ривал паѓа на колена во полна сала – порачува Костоски.       Претходно даден е отпор на АБА во Струмица (82-79), со охрабрувачки исход. На шестемина, Младеновиќ, Петровски, Б. Јанески, Николоски, Ќурчиев и Стојчевски, најавен е приклучок на заздравениот Ѓорѓиевски.

Loading