ЈАЈЦА ОД ЕВРОПСКИ КОКОШАРНИК

Јоки комерц кај Долнени

Рестартирана старата фарма по европски критериуми

Пресни јајца од 20 илјади несилки, со тенеденција на пораст

 

Пресни јајца, такаречи денешно производство, за вкусна “кајгана”, за “на око”, за меко или тврдо варење, или за торти други слатки, секојдневно нуди фирмата Јоки комерц на семејството Веселиноски од селото Брвеница кај Тетово, која од пред две години е сопственик на живинарската фарма кај Долнени. Дел од пропаднатата фирма, Веселиноски ја купија на транспарентен тендер, ангажирајќи осум работници и обновувајќи ги халите за 80 илјади кокошки – несилки. Во првата фаза населиле четвртина од расположливите капацитети. Јоки Комерц е претпријатие со искуство во “занаетот”. Располага со помала фарма во селото Брвеница, каде одгледуваат околу 13 илјади – кокошки неслики. Затоа се носат со идеја комплетно да ги искористат халите кај Долени со солидна техника и инфраструктура, по секојдневното сé посериозно освојување на македонскиот пазар и на околните, како што се Албанија и Косово. Засега не размислуваат за преработка на јајцата во меланж, зашто инвестицијата е скапа и неисплатлива за домашната прехранбена индустрија. Но, затоа се финализира поставувањето на ХАСАП стандардот.

Јајце во “ново издание”

Младиот член на Веселиноски, Борче, веќе е “прилепчанец”. Цел ден е преокупирн со кокошките и фармата. Ретко оди “дома” во тетовско. Не му е лесно, но ангажманот не му претставува некој посебен товар, зашто бизнисот не му е непознат и го познава како “сопствениот џеб”. Задоволни се по едногодишното производство и рекострукцијата. Ориентирани се на Прилеп. Тука продаваат третина од производството, сукцесивно пласирајќи во други градови. Отвориле и дуќан кај фонтаната Итар Пејо. Муштериите се задоволни од враќањето на квалитетот, сега во ново издание. Фирмата постои десет години. Фарма ни беше со помал капацитет од 13 илјади несилки. Не беа доволни, па купувавме и продаваме јајца, оти не ги задоволувавме потребите со зголемената побарувачка од понудата. Имавме при тоа проблеми. Кога слушнавме дека фармата кај Долнени се продава инвестираме, оти сметките покажаа дека поповолно е да ја рестаритираме, отколку да градиме нова – вели Борче.

Кокошките несат по ХАСАП

Кажува дека фармата нуди технички можности да се населат 90 илјади несилки, а сега јајца очекуваат од околу 20 илјади кои се во полна природна кондиција за експлоатација во една хала. Другите хали се празни, но постепено ќе ги населуваме со континуираниот раст на продажбата. Јајцата не се чуваат долго, туку е нужно да се продадат во отсуство на преработувачка технологија за сезоната кога паѓа пласманот и има вишок на производство – кажува младиот Веселиноски. Фирмата го освојува ХАСАП стандардот. Не, оти не постоел, туку оти по деведесетите бил напуштен. Ветеринарните инспекции сега бараат да се врати по новите мерила, зашто тоа е знак за квалитетно и прописно производство. “Се туркаат” инвестиции во сортирање. Потоа “тераме” зафати за добивање еколошки дозволи и други вложувања, кои не се големи, но бараат време, оти биле заостанати, а европските мерила се други. Неможен е извоз на јајца во Европа, зашто земјава нема европски извозен број. Не размислуваме за инвестиција за преработка на јајцата во суви материи, а извоз е можен, како што имавме, за Албанија, за Косово, за Србија, за Б и Х и за Хрватска – објаснува младиот бизнисмен Борче. Оптимизам владее кај Веселиноски по ланската тешка година, кога пропаднале фармите во Породин и Дихово, битолско.

Loading