ЦРНОБЕЛ ПРИЛЕП

Во ЦК “Марко Цепенков”

“Прилеп низ стари фотографии” е тематската изложба што в четврток ќе биде отворена во ЦК “Марко Цепенков”. Заводот и Музеј ќе претстави 30 фотографии од збирката, од Архивот на Македонија и Музејот на Македонија. Прилеп е овековечен од крајот на 19 век до 60-те години на 20 век. Најстарата фотографија е од 1888 година – вели историчарот Рубин Белчески, автор на изложбата. Изложбата ќе ја отвори фотографот Роберт Јанкулоски.

Loading