ТРИ ДЕНА “МЕД ТЕЧЕ” НА ПЛОЧНИК

По празникот на пивото летоска, есенва го славиме медот. Над 25 пчелари од Прилеп и Македонија три дена изложуваат мед и други медни продукти во центарот на градот на првата манифестација за презентација медот, наречена Фестивал на медот. Зафирчо Зафироски од здружнието на пчеларите Братство, вели дека манифестацијата има карактер на афирмација на медот како здрава храна. Медот е природна и здрава храна. Населението помалку го конзумира, иако расте продукцијата. Ги афирмираме и другите дарови на инстинктот на пчелите, бидејќи се незагадени и имаат органски карактер. Се претставуваат и неколку излагачи на опрема за одгледување пчели. Исплатливо е пчеларството и може да се егзистира – вели Зафироски. Според податоците на друштвото, во Македонија се јаде мед само по 400 грама годишно по човек, а неколкупати повеќе во Европа.

Loading