БАВНО СТАСА КУЛТУРАТА

Таи на сликата ЦК ,,Марко Цепенков,, на кој му минаат десетина година во градба до 1979 година, кога конечно стана катче за градскиот книжен фонд, изложбен салон на слики и дела на уметници, место за разни културно уметнички манифестации, театар… Сликата не покажува интрига и таинственоста на преродбеникот чие име носи. Сепак се трасира патот на издавачката дејност, фолкорните групи, уметничкиот тупот на штиците, актерскиот драматургшки транс, уметниците да скитаат со идеи. Бројните службени простории, два ликовни салони, две сали, гардероби… Ако им се тргне во потрага, човек ќе се загуби низ лавиринтите на мислата на архитектот кој креирал ,,култура,,. Триесеттина години век на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Бавно темпо и ритам на градење. Десет години полека делче по делче, прозорче по прозорче крадела од светлината на денот да се извиши во лицетворение на културата.

Loading