ЦРКВАТА – КУЛТУРНО СОБИРАЛИШТЕ

Блиц разговор со Љупчо Дошлакоски за Њу Џерси

ЦркватаСв. Николаво Њу Џерси, САД е сржта на националното битие на нашинците

Уникатна градба вредна 4-5 милиони долари

 

          Сојузната држава Њу Џерси во САД, со развиена индустрија им отворила врата на иселеници, стуткани во катчето Тотова. Тука во зеленилото, раскошно се “кекерават” 15-тина илјади нашинци, главно пелагонијци, поточно прилепчани. Печалба, визијата за достоинствен живот, потрагата по ново, ги води до “ветената” земја – Америка. Верници, пред 15 години, во населбата Тотова, која си ја нарекуваат верска заедница, изградиле црква за 4-5 милиони долари. Необичната градба на храмот Св. Никола – Мирикијски расте и се надградува заедно со идејата и визијата на верник. До неа “лепенка”. Градба, замислена, како културно забавен центар “Александрија”, во кој вежбала играорна група со истоименото име. Претседател на Црковно – управниот одбор бил Иван Д. Марковски, а потпретседал е прилепчанецот Љупчо Дошлакоски.

“Претставата” за животниот полет, ја долови Дошлакоски. Вербално, преку пишан и со фотографии илустриран прирачник, заклучивме дека духовниот живот е вклопен во комплексот “Св. Никола “. Црква, трем, банкетна сала за 300 гости, паркинг простор за 150 автомобили. Љупчо Дошлакоски е задоволен од функционирањето. Комплетниот ангажман ја оправдува целта да се организира средиште на Македонците, асобраните средства да се вратат во надградби модернизирања на објектот. Парите од изградениот објект до црквата се враќаат за плата на свештеникот, а остатокот во опремување и осовременување на националното катче за средби на своите, одржување на традициите, верата и корените – вели Дошлакоски.

           “МакМекдоналдсдо Св.Никола

          Прилепчанецот со фамилијата шири приказна за народот македонски. Кажува дека црквата не е само верски објект, туку културно средиште со други насоки како детско училиште за македонски јазик, семинари за веронаука, црковен хор. За културата, социјализацијата одговорни биле секција на жените која се грижела за забавата, готвењето во кое помагал и Љупчо. Посетителите од секаде ги вкусувале специјалитетите да не “скитаат” по разни ресторани за брза храна, а младите ги “ловеле” да не забегуваат по пороци. Со сокче, сендвичи, изнајмување простор за свирки, некогаш и без пари, организирани предавања, совети, дури и црковните литургии се привлекуваа и обединуваат нашите во Њу Џерси. Комуницираме, а во црковниот одбор има 120 претставници на фамилиите. Обично подмладокот, децата бараат некој од нашите – македонците. Поради навиките, традицијата, режимот, начинот на живот карактеристичен за нас … Америка има се и сешто, но ретко сé случило во нашиот храм да има мешани бракови – кажува прилепскиот иселеник Дошлакоски. Активен е во организации, бил менаџер и готвач во КЦ “Александрија”, каде што им се одржуваат прославите. Американската почва ја допревме туристички. Наместо шест месеци, останавме. Нé прифатија. Свештеникот Димитриоски, преку служба за празници и црковно хорско пеење успешно ја шири мисијата на православието – рече Љупчо Дошлакоски. Во оазата Њу Џерси, таа мисија, мисла им е пастир. Покрај со “пропаганда”, македонски вибрирања се сервираат преку адети, обичаи, традиција, пријателска љубов, милост и чест кон секого. Со верба во себе, за аманетот од предците, оставен со црн или “мастилен” печат, за лични патокази на животот ги води низ американските патишта, ткаејќи и чипчејќи за и од македонштината.

          Цело е кога има сé

          Духовна трансформација, надградба на знаења, ширење на идеите за мир, литература, музика, забави со естрада, лотарија, пренесување на рецепти од дедо предедо, од баба прабаба… Од “Пајажини, исткаена свила”. Комуницираме, се афирмираме меѓу себе. Нé посети Никола Груевски. Гости беа архиепископи, амбасадори, конзули и наши политичари. Редовно гостин е градоначалникот на Гарфилд и конгресмен американски. Дверите од храмот се отворени за сите – кажува Љупчо Дошлакоски. Убеден е дека поголеми патриоти се нашинците таму. На Грците не им се предаваат за името на државата. Имаат и поддршка од некои членови на американскиот естаблишмент. Конгресменот Паскарел е добар пријател на Македонците. Лично стои зад ставот да не се дозволи смена на името. Со присуство во Гарфилд, нé почести и градоначалникот Ристески со бизнис делегација – кажува Љупчо Дошлакоски.

Градот Гарфилд е збратимен со Прилеп.

Loading