Столчето не зависи од големината на задникот.
x
Седат на две, а посакуваат и трето столче.
x
Добриот човек е потребен секој ден.
x
За него велат дека е кул, ама тој за тоа не чул.
x
Сака да биде над сите, а не е дораснат на ниту еден од нив.
x
Лесно отвара уста, ама не може така и устав да отвара.
x
И црното око гледа убаво бело.
“Д-р Хаџи-Васков”