ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Предновогодишна прослава во една скопска кафеана. На една маса се собрани лидерите на сите политички парти. На втората се нивните портпароли. На третата маса се заедно високи црковни лица – попови и оџи. Сите се добро расположни, весели и насмеани.

Во кафеаната влегуваат Пејо и Трпе.

После неколку секунди испитување на атмосферата, Пејо вели:

-Очигледно сме залутале… ние двајцата не сме дел од овој виц!

Loading