ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
ПОСТЕЛНИНА, ЈОРГАНИ, ПЕРНИЦИ И ВОДА ЗА БОЛНИЦАТА
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп донираше постелнина, јоргани, перници и вода за болницата
-Слушајќи ги повиците на пациентите, како политичка одговорна партија, ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарна акција. Подаривме јоргани, перници и вода со надеж да се привлечи вниманието здравствените власти за подобрување на амбиентот и условите на болните – велат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп им посакуваат брзо и лесно закрепнување на сите сограѓани кои веќе ја водат битката со корона вирусот. Препорачува почитување на мерките за заштита на личното здравје