Премиера
,,КАМЕНОТ,, ВО МАСКИ
Со публика со маски и н а дистанца со 30 отсто од седиштата во салата се одигра премиерата на претставата “Каменот”од Маријус Фон Мајенбург во режија на Кристина Димитрова.
Според Димитрова текстот е хроника за семејство меѓу 1935 и 1993 година.
-Драмата е дел од германската историја, задржувајќи се на овие 60 години минати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на вина и одговорност. Станува збор за појава во која семејство бега од вината со ревизија и поедноставување на минатото. Претставата е во фрагментарна структура. Дејството скока низ различни години и се создава необична и гротескна стварност. Гледачот сведочи за сомнежот во минатото и недоразбирањата денес. Кога се открива вистината, доаѓа враќање на хронолошки почеток – вели Димитрова.
Играат Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Марија Димитрова и Илија Волчески.