ВИТАМИНКА ПОДАРИ 400 БРЗИ ТЕСТОВИ

Директорот на здравствениот дом Оливера Аџиоска изрази благодарност на компанијата Витаминка која подари 400 брзи антиген тестови за брза детекција на вирусот ковид-19. Со тоа компанијата ја потврди општествената одговорност во овие времиња на пандемија.

-Витаминка е одговорна фирма која несебично помага во секоја можна ситуација, особено кога повеќе од 10 месеци се справуваме со корона  кризата. Добивме донација од 400 брзи антиген тестови за брза детекција на вирусот ковид-19, кои ќе се работат во Здравствениот дом. Тие се голем придонес за ублажување на последиците од инфекцијата – напиша на ФБ. Аџиоска.

 Таа информира дека добиле уште 250 тестови од Министерството за здравство, со што лаборантите продолжуваат во откривањето на заразените граѓани како минатите денови. Тестирањето се врши преку матичните лекари и според системот “Мој термин”, а резултаите се готови за 20 минути.

Loading