И МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДА ДЕЖУРААТ НА ИНФЕКТИВНО

Ilija Jovanoski

По два тима, составени од доктор и медицинска сестра од матичните амбуланти ќе волонтираат по систем на ротација во втора и трета смена во Инфективното одделение. Едниот тим ќе работи од 14 до 22 часот, а вториот тим од 22.00 часот до 07.00 наутро. Триесетина волонтери на Спасителната служба „Златоврв“ ќе и асистираат на полицијата, за правење ред и дистанцата пред здравствените институции, како и за одржување ред и дистанца пред банките, поголемите маркети и пред и во Градскиот пазар. Ова се дел од локалните мерки на Општинскиот кризен штаб за ублажување на веќе загрижувачката  состојба со вирусот Ковид – 19 во општина Прилеп.

 Како претседател на општинскиот кризен штаб, градоначалникот Илија Јованоски побара од Главниот кризен штаб, заострување и воведување на дополнителни рестриктивни мерки за целата територија на општина Прилеп.

 

Loading