СОНЦЕ ЗА БОГОВИТЕ 330 ДЕНА

Есен во Кипар

246

За оние кои сакаат да трошат и во есен, уживајќи во убави плажи, хотели со одлична услуга и погодности, многу историски локалитети и уникатни природни убавини, островот Кипар е вистинскиот избор. Оваа земја има многу поволна географска положба во источниот Медитеран, на работ на трите континенти, Европа, Азија и Африка. Тој остров е четврт по големина, по Сицилија, Сардинија и Корзика. Затоа бил мета на многу освојувачи кои сакале да ја заземат и совладаат убавината.

Островот е поделен на турски и грчки дел. До пред десетина години и со бела линија со вреќи со песок на улицата Ледра во главниот град Никозија каде живеат 790 илјади жители. Околу 160.000 се турски муслимани, додека другите православни Грци. Поголеми градови се Лимасол и Ларнака, односно Киренија и Фамагуста. Недалеку од Фамагуста лежат урнатините на големиот град Саламис, за кој се верува дека датира од 11 век п.н.е. Спектакуларните урнатини даваат фасцинантен поглед на долго изгубената цивилизација, вклучувајќи го и величествениот амфитеатар, римските бањи, салата за вежбање и кралските гробови од поновите цивилизации.

Кипар има многу богата историја, совршена клима и е најтопло добредојде во Медитеранот. Таму може да се ужива во сонце 330 дена во годината. Воодушевува јасно сината вода, незагадената и недопрената убавина на пределите со долги плажи. На целиот дар се додава и пријателските и гостољубиви луѓе, подготвени во секој миг да понудат фантастична и разновидна кујна, идиличниот одмор да се претвори во сон. Храната е мешавина на грчка, медитерска и турска кујна. Специјалитет е Халуми. Тоа е козјо сирење.

kipar-06

Во зима илјадници  птици, фламингоси, остануваат во Соленото Езеро.

Старите Римјани го именувале како ,,Купрус “, што значи бакар, поради тоа што бил богат источномедитерански центар. Историјата почнува пред девет милениуми п.н.е. Има и денес камени идоли во форма на крст, кои се наоѓаат во музејот во Никозија. Лимасол е туристички и трговски центар. Во близина е плажата Афродита, каде што, според легендата, оваа божица излетала од морето. Во Лимасол е замокот од 13 век. Вториот замок е Крстоносец од 15 век. Надвор е од градот. Реновиран е и достапен за туристите. Таму се остатоците од рафинерија за шеќер. Трагите на античка Грција се во светилиштето на Аполон во Курион, од каде има фантастичен поглед.

Без разлика дали сте љубител на природата, археолог, страстен патувач, мераклија за пливање или уживач во сонце, овој остров е совршено место на почетокот на есента. Сезоната со температури од околу 30 степени трае до први декември. Туристички експерти велат дека Кипар уште е најдобро чувана тајна на Медитеранот. Не може да се открие целиот островски бисер. 

Од 1960 година, Кипар е независна држава. Подоцна стана членка на ЕУ. Островот е поврзан со одлични патишта.

Loading