Кос
Кос е автентичен грчки остров со богата историја и убаво место за престој. Неправедно е запоставуван во споредба со другите острови. Со траект, за неполн час, се стигнува преку Бодрум. Сите туристи од Бодрум имаат дневна екскурзија да го видат овој интересен остров на идеалната локација во Егејското море. Тој е дел е од групата на Додеканези островите во југоисточниот дел на Егејот. Трет по големина по површина по Родос и Карпатос. Живеалиште е на околу 37.000 луѓе.
Уште со првото стапнување на островското тло, на пристаништето, освојува ова парче земја во морето. Местотот е типично, островски грчки град. Урбанистички е уредено шеталиштето. Пожелно е да се разгледа тврдината до централниот плоштад, па старата чаршијата со тесни улички со многу продавници, ресторани…
Во различни периоди островот бил од Античка Грција, Хеленски, Романски, Византиски, Отомански, Италијански. Во 1947 година припаднал на Грција. Различните слоеви на култура се забележуваат на секој чекор.
Заштитен знак е Замокот на витезите над пристаништето, а кренат на урнатините на античка тврдина. Потекнува од 15 век. Граден е од витезите, кои го окупирале два века. Јужно се остатоците од античка агора со храм и светилиште. Последниве години е затворен заради реконструктивни зафати. Стариот дел е типична грчка архитектура, со плоштад, па археолошки музеј, пазар и околните дуќани и ресторани низ тесните улички. Обектите се колоритни. Атрактивни се сокачињата со мали дрвени маси и столчиња во рестораните. Врие од љубопитни туристи. Врева на различни јазици на секој чекор. Во ладовината се пие кафе или се вкусува грчко гиро. Не се одолева на другата вкусна и ароматична храна зачинета со маслиново масло.
Кос е родното место на Хипократ, таткото на модерната медицина. Го викаат и островот на Хипократ. Роден во 460 год пр.н.е. Тој е најзначајна личност во медицината и затоа се положува Хипократовата заклетва. Покрај тврдината и раскошниот чинар се посготвува реконструкција на објектот каде Хипократ дејствувал.
Кос е богат со песочни плажи, кристално чисто море со тиркизна боја. Плажите се уредни со лежалки и чадори. Сопствениците ги чекаат туристите на уживање со пијалок. Островот изобилува со плажи распространети на 112 километри од брегот. Велат дека е најубава Голден бич, Агиос Стефанос, Кардамена…
Освен градот, Кос е место намистични мали места. Некои се боемски во планината каде храбрите и полните со кондиција се качуваат да го гледаа преодот од ден во ноќ, зајдисонцето. Покрај природните убавини, островот го прават привлечен и релативно ниските цени.
Текст и фото Ка.М.