Андора е шестата најмала држава во Европа, сместена меѓу Франција и Шпанија. Кнежеството е познато по туризмот и по шопингот. Распослана е на 468 км2. Живеат околу 80.000 жители, ама годишно ја посетуваат десетици милиони туристи. Иако нема некои позначајни знаменитости да се видат, во Андора се оди заради тоа што е развиен туризмот и е шопинг дестинација и е слободната бесцариска зона.
За жубителите на зимските спортови, планинарењето… земјата би требало да е на картата за посети. Се ужива додека се пазари по пониски цени, особено на парфемите, алкохолот.
Приказната за Андроа почнува од 8 век со францускиот крал Карло Велики, кој се смета дека го основал кнежеството. Подоцна во 15 век Андора го основала својот парламент, а кризата се појавила по француската република. Сепак ништо не се случило, па повторно била суверена, како до денес.
Главен град е Андора ла Велје. Се стигнува само со автобус или автомобил. За тие што сакаат да патуваат со авион треба да појдат до Барселона во Шпанија или Тулон Франција, па потоа со автобус да пристигнат во кнежеството. Андора ла Велја е еден од највисоките градови на Европа, со 1023 метри надморска височина. Убаво уреден, чист, тивок. Покрај илјадниците туристи. Туристите се оставаат во подножјето, па се искачуваат по угорнината и до плоштад кој има необични високи инсталации на чиј врв има жолти човечиња. Потоа може со лифт да се качи горе. За поупорните не е проблем да пешачат и да го доживеат од свој агол искачувањето во градот, за да ја видат Градската куќа од 16 век, која некогаш била седиште на парламентот, а денес е музеј. Погледот од високо е импресивен, незаборавен. Наоколу ги гледаш планините кои ја опкружуваат Андора. Човек си вели до каде стигнала технологијата. Околу куќата има интересен споменик на момче и девојче кои си играат.
Зад куќата има скали кои водат кон височините. Во непосредна близина, низ тесните улички е црквата Св. Естева, зграда од 12 век, обновена во 20 век. После се излегува кон модерниот дел на градот, кон улицата со бројните продавници. По првиот бран продавници, шетајќи се излегува на друг дел, пред извонредна градба во која е ресторанот Рефуги. За него е Далијевата скулптура Нобелс де Темпс, која футуристички ја прикажува минливоста на времето. На двете страни има фигури, а едната е на жена со тело. Зад скулптурата е парискиот мост, кој преминува преку рекичката, кој ноќе е осветлен и е вистинска атракција за туристите. После се стигнува до шопинг улицата, прочуениот андорски фри шоп. Во продавниците може да се купи сé и сешто по пониски цени. Во овој дел е живо да се Низ улицата може да слушнат различни светски јазици. Ама шетајќи нужно е да се внимава на времето, оти врви брзо. Продавниците затворат, па може се зажали. Сé се затвора во 21 часот, освен рестораните, каде потоа може да седне на одморите или со добра кондиција да продолжи прошетката.
Каролина Мицевска