Сарагоса
Сарагоса, град во Шпанија, е со богата историја, единствена архитектура и традиционална кујна. Таа е атрактивна дестинација не само заради интересните знаменитости, туку и заради скриените драгоцености, кои може да се откријат. Градот нуди незаборавно доживување и крие приказна од римското доба. Раскошен е по културното наследство.
Патот кон Сарагоса води од Мадрид. Историјата фасцинира. Градот бил населен од древно време, со векови. Значењето добил во времето на Римјаните. Бажен центар на провинцијата Аугуста. Се забележуваат трагите од тој период, особено остатоците од римскиот театар. Низ средниот век Сарагоса минала низ бурен период под влијание на различни култури. Доминирала исламската оти траела 800 години. Оставила неизбришливи траги во архитектурата и културата.
Бибрираат историјата и културата. Алјаферијевата палата од 11 век е даргоценост, извонреден пример на исламската архитектура на европското тло. Објектот е од владеењето на муслиманите до католичките владетели. Бројни се декорациите и монументалните столбови. Бдее градски дух. Базиликата Пилар, е ремек дело на барокната архитектура. Таа е објект каде се преплетуваат различните вери, уметности и историја. Сместена е покрај брегот на реката Ебро. Не само надворешно, туку и внатрешно плени со својата магија, која се чувствува внатре. Објект што одзема здив е катедралата Ла Сео. Таа е мешавина од готски, ренесансен и мудеарски стил. Дом е на значајни уметнички дела, меѓу кои Гоината треска. Атрактивен е Музејот на Гоја во центарот на градот. Посветен е на животот и делото на големиот шпански сликар Франциско Гоја. Низ неа се делата од различните фази на творештвото на уметникот. Се чувствува силата на ликовната сцена, бидејќи има дела и од други автори. И операта е привлечна дестинација. Театарот Принципал де Сарагоса е културно благо. Не е само архитектонско чудо, туку и место каде за значајни културни настани и спектакли за да се доживее шпанската култура.
Во стариот дел се чувствува градскиот дух преку традиционалните тапас барови и ресторани. Тапасите не се само храна, туку се и начин на живот. Тоа е одлично место за вкусните локални специјалитети. Традиционалната кујна е ризница од вкусови.
На пладне се затворени сите продавници. чекаат гости само кафетериите и рестораните. Таму се најдуваат иновирани тапаси со морски плодови. Секој залак е приказна. Љубителите на слатки ќе се заљубат во вкусот на чоколадни бравури на сарагоскитемајстори. Ух, ух, какво место за слатко уживање со мешавини од ароми. Се нудат традиционални торти и современи десерти со чоколадо. Мерак за дегустирање. Плус во рестораните се нудат и локалните вина,поради богатството на сорти кои ја отсликуваат локалната клима.
Сарагоса локација на бројни фестивали и празници како празникот Пилар, кој е врв на културниот идентитет на градот. Се одржува секоја година во октомври. Низ прошетките се слуша фламенко. Секој дена има некој концерт со емотивната и страствена музика.
Градот не спие. Пулсира секој миг, 24 часа, низ модерните ритми.
Текст и фото Каролина Мицевска