СВИЊАРНИКОТ ПРЕТВОРЕН ВО ХРИСТИЈАНСКО СВЕТИЛИШТЕ

Манастирот Свети Преображение кај Зрзе

304337-zrze-stana-kulturen-i-arheoloshki-biser-na-makedonija

Природна бигорна тераса полна со вода и прекрасна глетка на Пелагонија е локацијата на манастирот Свето Преображение кај селото Зрзе. На илјада метри надморска височина во подножјето на планината Даутица, природното гнездо е избрано за христијанско светилиште уште пред 17 века, кога била изградена ранохристијанска базилика. Манастирот третпат е седиште на христијански владици. Од иконостасот на манастирската црква потекнува чудотворната икона Богородица Пелагонитиса, која веќе 50 години се чува во Музејот на Македонија во Скопје. Неколкучленото монашко братство се грижи за одржување на манастирот, кој не така одамна бил запоставен и претворен во голема кочина за свињи.

Манастирот бил малку посетен, поради непристапниот пат. За сведен и за празници доаѓале селаните од Горна Пелагонија. Понекогаш љубителите на планината го користеле за станица за одмор, сенка и ја гаснеле жедта од студеното извориште пред да ги продолжат планиските маршеви.

133066638

Многу љубопитни граѓани од сите краишта на земјава и странство последниве години го одбираат манастирот за викенд одредиште. Импресивната глетка исплакнета со чиста вода и воздух, го восхитуваат човековиот дух. Видниот дострел, кога е ведро времето, минува 50 километри низ натурален пејсаж што ја поттикнува слободата на умот низ планинските венци на спојот на полето со планината.

Силни чувства извираат од Богородица, која се грижи за својот народ во Пелагонија. Ова го сведочи зрзеската икона. Географскиот топоним на Пелагонија станал презиме на иконата на Мајката Божја. Верниците доаѓаат да се помолат пред нејзината икона и да запалат свеќа. Прилепчани особено ја негуваат почитта кон Мајката Божја и надалеку е познат нивниот однос кон манастирот Света Богородица – Трескавец. Богородица Пелагонитиса посебно го поттикнува чувството на преиспитување на односот кон ближниот. Таа го надминува древниот црковен канон на местоположбата на престолните икони, само да не врти грб на Сина Си како што самата открила.

Lesno do manastirskite konaci i do crkvata vo Zrze

Зрзескиот манастир се наоѓа на темелите на ранохристјанска базилика од 6 век.

 Тука имало христијански живот пред повеќе епохи. Се претпоставува дека базиликата била срушена како резултат на мисијата на апостолот Павле во 6 век. На тоа сакрално место во 14 век  се кренала мала еднокорабна-сводеста црква од ктиторот на манастирот, монахот Герман, кој локацијата ја добил како подарок од Царот Душан. Тој  го одбрал воено стратешкото место и заради темелите на базиликата. Тврдината ја преобразил во манастир и изградил црква посветена на Преображението на нашиот Спасител.

Карактеристично е што и неговиот син Хајко го следел примерот на својот татко и се замонашил и го добил името Харитон.

Внуците на ктиторот, браќата Прибил и Приезд ги следат стапките на татка си Харитон и деда си Герман. И тие се замонашиле. Ги добиле имињата Јован и Макариј. Тие се митрополитот Јован Зограф и јеромонахот Макариј, авторите на иконите Христос Спасител од 1394 година и Богодорица Пелагонитиса од 1422 година.

Naodi od Zrze na videlina

Двете икони се антологиски, македонски бесценети, поради уметничкото, националното, историското и духовното значење. Се пренесува преданието за чудотворноста на иконата Богородица Пелагонитиса, која стои во витрините на Музејот на Македонија во Скопје,  земена на реверс за чистење од манастирската црква во 1957 година. Според преданието, иконата на Богородица Пелагонитиса, трипати го сменила местото. Позицијата на Богородичната икона во Зрзе е поинаква  од уреденото црковно устројство. Во древните правила точно се знае каде се поставува нејзината икона. Во Зрзе, стои Богородица на Христовото место. Чудотворниот настан се случил 1422 година, кога зографот јеромонах Макариј, откако ја насликал и ја поставил на канонското место, посведочил за нејзиното чудесно менување на местоположбата. Кога молитвено прашал, зошто се случува ова, преданието вели дека се слушнал глас на Богородица од иконата која рекла дека не сака да му врати грб на својот Син. Од тогаш до денес, таа останала на тоа благословено место.

Sveto Preobrazenie vo manastirot Zrze

02Уште едно предание  поврзана со чудотворноста на иконите. Запишано е дека заврнало снег кога манастирот страдал од напад. Таа година разрушениот покрив не прокиснал, оти чудотворните икони ја спасиле црквата. Бидејќи ги спасувал луѓето, според народното предание, манастирот се вика и Свети Спас.

Во Зрзе има копии на двете монументални икони. МПЦ ги бара оригиналите, затоа што местото на локацијата на раѓањето, а не во стаклените витрини во Скопје.

Необично за комплексот Свето Преображение е тоа што луѓето од околните села го доживувале манастирот за збег во тешките времиња. Во вертикалниот засек на бигорната карпа постојат неколку испоснички ќелии во кои некогаш живееле зрзеските исихасти. Се очекува уредување и на овој простор и пештерите да станат атракција во утробата на бигорот.

Археолошките истражувања откриваат и културни слоеви од хеленистичкиот и римскиот период. Малку посилен дожд вади на виделина значајни артефакти за збогатување на историјата. Археолог напишал дека зрзеските калуѓери имале претензии да направат Света Гора од нивниот крај.

Манастирот ја делел судбината на народот. По Втората светска војна првпат станал женски, иако секогаш бил машки манастир. Причината била во тоа што во Зрзе живееле две руски монахињи со прекрасни духовни физиономии, познати меѓу народот како матушки, мајки. Сите кои ги познавале евоцираат светли и добри спомени. Тие оставиле добра слика за монаштвото. Го сведочеле христијанскиот етос во тешко време кога заради, општествениот контекст, никој не размислувал да го следи монашкиот пример. Со голема жртва и подвиг успеале да го сочуваат она што останало од манастирот. Во седумдесетите години на минатиот век се упокоиле. Нивните пријатели ги погребале во средината на манастирскиот двор, а гробовите ги обележале по нивна волја со класични руски крстови.

utrabota pod mansatirot zrze krie bogato kulturno bogatstvo

По нив, манастирскиот комлекс бил оставен во незавидна состојба. Воден од некаква економија, човекот кој се ,,грижел,, од него направил свињарска фарма. Младата монашка заедница го исчистила темелно се надеж во Бога и со голема поткрепа од народот, враќајќи му го стариот сјај на древното христијанско свето место. Сега е вратen мирисот на темјан и духовниот амбиент, доживувајќи. Создадено е препознатливо место за духовен мир, поделен со секој намерник во близина со народот. Зрзе има и една духовна мисија, бидејќи тука е Гората на Преображението и луѓето откриваат одговори на многу лични прашања.

Понорница под свет дом

Заради близината со крапските води понорници се поврзува и преданието дека ако се пушти низ овие пештерски водотеци боја, обоената вода ќе стигне до кај водопадите кај Воден во Егејска Македонија.

Vladikata Kliment pred ostatocite od pesterskata crkava pod manastirot Zrze

Чобанска црква

Во 17 век во комплексот била доградена црквата Свети Петар и Павле, кај народот позната како ,,Чобанска црква,,. Таму се наоѓа единствена фреска на портрет на овчар, претставен во македонска народна носија. Легендата вели дека овчарот, бранејќи ја црквата и нејзиното богатство од арнаутите, бил убиен во црквата. Затоа црквата го носи неговото име и во неа е зографисан неговиот образ.

Збирка од артефакти

Манастирската ризница во Зрзе чува монети од Филип 5 Македонски и Персеј, како и многу други експонати кои даваат податоци за тоа дека на бигорната карпа имало живот уште во 3 век пред Христа. На местото постоела тврдина окружена со ѕидови налик на бедеми. Артилерискиот напад на зрзеската тврдина од страна на регуларната турска војска во 18 век неповратно уништил голем дел од овој уште неистражен археолошки локалитет.

Zrze zraci

Loading