ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“
Учениците од 7-1 од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ ја гледаа неодамна отворената изложба на делата од колонијата Ниже Поле во ликовниот салон во ЦК “Марко Цепенков”. Љубопитно уживаа на часот по уметност со наставничката Анита Јовеска. Не им е првпат да посетат некоја изложба. Чести гости се на галеријата, оти ем било предвидено во програмата, ем полесно учат за правците и стиловите во ликовната уметност. Децата кажаа дека се восхитуваат на творештвото на уметниците, а делата им служеле за инспирација и мотив за цртање на часовите по ликовно.