„СВЕТИЦАТА И РАЗБИРАЧОТ“ ВО ТРКА ЗА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Романот „Светицата и разбирачот“ од писателот Петар Петрески влезе во третиот круг, во осумте најдобри романи, во трката за книжевната награда „Роман на годината“ за 2015 година, што ја доделува Утрински весник.    

За Петрески е голема чест да се најде во друштво на осумте предложени. Се очекува одлуката на жирито: академик Луан Старова, Лидија Капушевска-Дракулевска, Ивица Џепаровски, Лилјана Дирјан и Катерина Богоева од Утрински весник.

Според оценувачите романите се вешто пишувани. Петрески третира современи и вонвремени теми. Авторот се занимава со паднатите морални вредности, какви што се знаат до пред препознатливо време и инаугурацијата на нов морален кодекс, кој на првото место од вредносната скала го става, до исклучивост, материјалното и блескавото како средство и како цел. Од друга страна,  излезот од денешниот егзистенцијален лавиринт го гледа преку апсолутот на љубовта, вербата во перманентната присутност во структурата на човековото битие, дури до наивност.

Loading