КАНАТЛАРЦИ ДОМАЌИН НА КОЧАНИ

ОУ „Кирил и Методиј“

Partnerska sredba za dogovaranje domakinlukОУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци во април ќе биде домаќин на заедничко дружење за меѓуетничка интеграција со истоименото училиштето од Кочани. Договорено е двете училишта со македонски наставен јазик да се мешаат со учениците со турски и да создадат множество од заеднички активности. Целта е зближување на припадниците од различните култури, збогатување на сознанијата едни за други, давајќи позитивен пример за меѓуетничката соработка. 

Скајп размена на Честитки

“8ми Март Денот на жената”,”8 Mart Kadınlar günü”, беа пораките на македонски и турски јазик кои преку скајп средба ги разменија учениците од ОУ “Кирил и Методиј” од с. Канатларци и ОУ “Синиша Стоилов” од с. Зрновци, Кочани. Меѓусебе споделија и честитки и песни посветени на мајката на двата јазици. Активноста беше во рамките на МИО проектот. 

Loading