ЦВЕТОВИ ОД ЦВЕТ

ОУ „Добре Јованоски“

Cvetot vo koj se krieja cvekinjataСо огромен цвет од кој излегуваа скриените помали цветови низ центарот во колона по двајца се шетаа учениците од 3-1, 3-2, 3-3 и 2-7 одделение од ОУ „Добре Јованоски“. Не само што привлекуваа внимание, туку беа полни со изненадувања. Додека фрчеа насмевки на сите страни, кои ни ветерот ги скроти, задоволството на минувачите од понежниот пол беше уште поголемо. Им го честитаа 8ми Март, дарувајќи им цвеќиња од цветот кој сами го изработија.

Претходно, во украсена училница со балони и цвеќиња, и една порака во срце, “Мамо те сакам”, имаа и приредба за мајките, бабите, тетките. Им рецитираа песнички, не заборавајќи да подарат од цвеќињата што никнуваа од големиот цвет. За атрактивната манифестација помогнаа наставничките Каролина Николоска, Билјана Ангелевска, Винета Џумеркоска и Верче Чакмакоска.

Loading