ДОЛОТ ПОКРАЈ МАЗИТЕ

rekaЕден од објектите кој е стар можеби повеќе од еден век е камениот магацин кај Шарена Чешма. Објектот граден од камен уште од турско не се предава на времето. Мајсторите на камени гранитни блокови од големи димензии, го наредиле како кутија да се вика маза. Сопственост бил на чорбаџиска фамилија. Државата им го врати објектот на наследниците со денационализацијата, а тие го отуѓија. Новиот домаќин оцени дека просторот е “роден” за продажба на топли подови, килими…

Отспротива, местото на сегашниот станбен објект во чие подножје е сместено ПЕ на ЈП за станбен и деловен простор било река, односно дол. Уште во педесетите години, градските власти се обидувале да ја зауздаат стихијата за време на поројни дождови со изградба на камен ѕид за да не се поплавува чаршијата.

Со канализирањето на Дабничката река, папсала силата на долот, а на местото на коритото се крена станбен објект, кој од неодамна има дури два ката надградба.

Градот се менува, но остануваат сведоштвата, како што се мазите.

Loading