ПИШТОЛИТЕ ОД УМРЕНИТЕ В ПОЛИЦИЈА

Според законот за оружје, семејствата кои располагаат со оружје на починати членови, полнолетните членови на домаќинството се должни во рок од шест месеци од смртта на лицето да го предадат оружјето и муницијата на најблиската полициска станица, за што се издава потврда. Во спротивно, законот предвидува глоби од 500 до 1000 евра.

Лицето кое наследило оружје за два месеца по завршување на оставинската постапка треба да побара дозвола за оружјето или да го отуѓи оружјето на физички или правни лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје или на правни лица, овластени да вршат промет со оружје.

Дозвола за поседување на оружје може да добие лице со наполнети 18 години и да располага со други услови.

Loading