Ѓурѓовден го празнува не само христијанското, туку и ромското население. Меѓу верувањата поврзани со Ѓурѓовден, е и легендата според која, Свети Ѓорѓија ја убил ламјата. Обичај кој се изведува на празникот е нишањето. На дрвјата во дворовите или пак на гредите во чардаците се врзувале ортоми на кои се нишале девојки и момчиња, како и млади невести. Од мода уште не излегуваат вртелешките кои го носат ветрот во косите и го одземаат здивот.
Ромите од Тризла во месноста Дабница со песна, забава и игра го одбележаа денот. Претставници од Општината го честитаа празникот.