Чудата на последните чистачи

Nadezta ne gi napusta cistaciteГрадот има сé помалку кал да се извалкаат чевлите, бидеќи речиси секое катче е поплочено или секој тротоар е асфалтиран. Сепак последните двајца чистачи на чевли Мухарем Абдиулоски и Рамиз Рушитоски не се предаваат, туку упорно чекаат муштерии на плочникот да им ги л’снат обувките. Грчевито се борат за леб, оти социјалното не им стигнува да ги нахранат многуте гладни усти дома. Со занаетот, пренесен од дедо прадедо, се обидуваат да го дополнат семејниот буџет, да обезбедат повеќе леб за многучлените фамилии. Секој ден го постилаат пангото со бои и четки, во надеж дека некој ќе им стави нога да заработат по некој денар. Се радуваат кога луѓе од селата со калливи чевли бараат обувките да им ги претворат во сјајни како нови. Удираат бои неколкупати, четкаат по двете страни по десетина пати, и од батак чевлите прават чудо. 

Loading